Левандовски: Заврши мојата ера во Баерн, сакам да заминам од Минхен!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Полскиот напаѓач Роберт Левандовски не сака повеќе да биде дел од Баерн Минхен и кажа дека сака да си замине ова лето, а интерес за неговите услуги покажува Барселона.

Левандовски кажа дека сака да игра за Барселона следната сезона, но сепак баварците се надеваа дека ќе потпише нов договор пред крајот на актуелниот кој му завршува во јуни 2023 година.

Хасан Салихамиџиќ кажа дека Левандовски нема да си оди од тимот, по што повторно се јави Полјакот и испрарти јасна порака.

„Мојата ера во Баерн заврши, Баерн е сериозен клуб и верувам дека нема да ме задржат. Не сакам повеќе да играм тука. Трансфер е најдобро решение во моментов. Се надевам дека нема да ми прават проблеми“, кажа Левандовски.