Леверкузен ќе го замени Алонсо со легенда на Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чаби Алонсо на крајот на сезоната најверојатно ќе замине од Баер Леверкузен по одличните резултати со бундеслигашот, а веќе се шпекулира за негова замена.

За услугите на Алонсо се заинтересирани неколку тимови, меѓу кои најсериозни се Ливерпул и Баерн Минхен.

Шпанските медиуми пишуваат дека Леверкузен сака да го замени Алонсо со друга легенда на Реал Мадрид, а тоа е Раул Гонзалес.

Раул во моментов е тренер на Реал Мадрид Кастилја и се подготвува за нов предизвик кој би можел да го добие од Бундеслигата.