Леви не се плаши да го продаде Ериксен на клуб од Премиер лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот човек на Тотенхем Даниел Леви истакна дека не се плашат да го продадат Кристијан Ериксен на ривал од Премиер лигата.

27 годишниот фудбалер ќе остане без договор по крајот на сезоната и ќе може да си оди во друг клуб без Тотенхем да добие обесштетување.

Токму затоа „петлите“ се подготвени да го продадат Данецот и на клуб од Премиер лигата со цел да заработат на неговиот трансфер.

„Искрено не се плашиме да го продадеме или да се размениме со наши ривали за Ериксен“ –изјави Леви и ја подотвори вратата за евентуален трансфер на данскиот фудбалер во Манчестер Јунајтед.