Лидс и Алиоски сериозно затропаа на вратата на Премиер лигата (Видео)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Џани Алиоски одигра уште еден солиден натпревар за својот Лидс Јунајтед во победата против Шефилд Вендсдеј од 1:0.

До крајот на регуларниот дел од сезоната во Чемпионшип лигата има уште четири кола, а Лидс Јунајтед остана на втората позиција на табелата која води директно во Премиер лигата.

Единствениот гол на средбата падна во 65. минута кога Харисон ја искористи асистенцијата на Пабло Хернандез и донесе голема победа за својот тим.