Лидс и Алиоски со една нога во Премиер лигата

Тимот на Езгјан Алиоски, Лидс Јунајтед се наоѓа многу блиску до пласман во Премиер лигата по денешната минимална победа над тимот на Барнсли.

Лидс Јунајтед победи со минимални 1:0, а единствениот гол на средбата беше дело на Соулдабер кој сам го совлада својот голман.

Нашиот Алиоски натпреварот го почна од клупата за резервни фудбалери, а во игра влезе во 49. минута.

Победа во следниот натпревар против Дерби Каунти ќе значи и дефинитивен пласман на Лидс Јунајтед во Премиер лигата за следната сезона.