Лидс му нуди нова соработка на Алиоски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски вчера одигра одличен натпревар во победата на Лидс на гости кај Астон Вила со 0:3.

Алиоски влегува во последните месеци од договорот со премиерлигашот и тренерот Марсело Биелса сака да му го продолжи договорот.

Наводно Биелса е задоволен од тоа што го прикажал Алиоски и нема намера да го пушти да заминен. „Фудбал Инсајдер“ објави дека Лидс ќе му понуди нов договор, меѓутоа повеќе детали не се откриваат.

Од доаѓањето до денес Алиоски во Лидс одигра 133 натпревари, постигна 20 гола и подели 16 асистенции.