Лидс обезбеди големо засилување за Премиер лигата!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лидс Јунајтед конечно се врати во Премиерлигата под водство на Марсело Бијела по 16 години неуспешни обиди да се врати во Премиер лигата.

И за да не се врати на Чемпионшип, на Лидс му треба сериозни засилувања за Премиерлигата.

Едно големо беше потврдена синоќа.

Откако медиумите објавија дека делегацијата на Лидс пристигнала во Шпанија за да го комплетира трансферот на напаѓачот на Валенсија, Родриго Морено – тоа и се случи.

Валенсија доцна синоќа потврди дека е постигнат договор за трансфер на Родриго Морено во Лидс и дека 29-годишниот офанзивен играч ќе потпише за тимот од Еланд Роуд по медицинските прегледи.

Се верува дека Лидс ќе плати 30 милиони евра за Родриго со дополнителни бонуси.

Патем, Родриго беше интензивно поврзуван со Барселона не толку одамна, но немаше ништо од тој трансфер.

Исто така, треба да се напомене дека Родриго веќе имал можност да го почувствува англискиот фудбал затоа што тој еднаш беше како позајмен играч на Бенфика во Болтон.