Лидс се интересира за трагичарот од плеј-офот во Чемпионшип


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Лидс сакаат да ги засилат своите редови со фудбалерот на Брентфорд, Саид Бенрахма.

Бенрахма беше најдобриот фудбалер во сезоната за Брентфорд меѓутоа тотално потфрли кога најмногу требаше.

Брентфорд загуби во финалето од плеј-офот во Чемпионшип од Фулам и со тоа испушти прилика да се пласира во Премиер лигата.

Бенрахма токму на овој натпревар беше буквално невидлив и собра низа критики од јавноста во Англија.