Лигата на шампионите доби прв учесник за следната сезона уште во март


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона со победа од 1:0 против Рајо Ваљекано на нивниот Камп Ноу обезбедија настап во Лигата на шампионите следната сезона. Со успех во 29-то коло на шпанската Ла Лига, каталонскиот клуб стана првиот тим што математички го потврди учеството во елитното европско натпреварување за сезоната 2026/27.

Единствениот гол на вчерашниот натпревар го постигна Роналд Араухо во 24-тата минута, кога по удар од корнер со глава ја затресе мрежата. Домаќините можеа да слават и со поголема разлика, но пропуштија голем број на шанси, поради што до самиот крај стравуваа за трите бодови.

Со оваа победа Барселона ја задржа предноста од четири бодови пред второпласираниот Реал Мадрид, но постигна и поважна цел. Веќе во март обезбеди едно од првите четири места на табелата, со што стана првиот од 36-те клубови кои го потврдија учеството во Лигата на шампионите во следната сезона.