Лина Ѓорческа ја декласираше противничката од Хрватска


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска запиша уште ден убедлив триумф, и тоа против Мариана Дражиќ од Хрватска со 2-0 во сетови.

Ѓорческа доминираше од почетокот на првиот сет на натпреварот, па лесно го доби со 6-2. Нешто слично одигра и во вториот сет, но загуби еден гем повеќе, па со 6-3 ја доврши работата против нејзината противничка.

Може слободно да кажеме дека Лина имаше одлични настапи во Белград на Источно Европскиот шампионат во изминатиот период, каде што запиша шест триумфи на седум натпревари.