Лион за инат на државата, организира фудбалски турнир?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вчера премиерот на Франција, Едуард Филип, ја извести нацијата дека на 2. јуни ќе стапат во сила нови олеснети мерки, што ќе овозможи тренинг на професионалните спортисти.

Доколку не се случи ненадејно влошување на состојбата, спортските стадиони ќе ги отворат своите врати од 22. јуни ќе може да се организираат спортски натпревари.

Мала утеха за сите оние кои се надеваа на продолжување на фудбалската сезона во Франција, затоа што беше прекината на крајот на април и нема можност да се смени оваа одлука.

Лион и претседателот на овој клуб, Жан Мишел Аулас, тешко ја поднесоа одлуката да го прекинат првенството, затоа што сегашната состојба на табелата беше дефинирана како конечна, па така Лион остана без пласман во Европа за прв пат во две и пол децении.

Аулас се жалеше залудно и „молеше“ шампионатот да продолжи. Сепак, тој сега ги доби своите пет минути и ќе се обиде да го искористи новото олеснување на мерките за да покаже дека фудбалската сезона може да продолжи без никакви проблеми.

Првиот човек на Лион по 22. јуни сака да организира турнир во кој, покрај неговиот клуб, ќе учествуваат и Пари Сен Жермен, Ст. Етјен и Лил.

Официјално, причина за Аулас за организирање на пријателскиот турнир е затоа што тој сака француските клубови да се подготват за завршницата на Еврокуповите, што се очекува во август.