Лионел Меси запре нов трансфер во Барселона!


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Главната тема, кога Барселона е во прашање, е трансферот на Нејмар од ПСЖ.

Сепак, покрај тоа, Барселона се обидува со сите сили се обидува да најде решение за позицијата лев бек каде сака да најде замена за Алба.

Валверде бара некој што веднаш може да почне во првиот тим, а првата цел е Јуниор Фирпо.

Фирпо настапува за Бетис кој побара околу 50 милиони евра за него, но Барселона имаше можност да го купи на поинаков начин.

Тие се согласија за намалена сума на пари, но со вклучени некои од играчите кои биле вишок.

Сепак, нема да има ништо од трансферот. Главниот виновник за ова е првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси, кој го стопирал трансферот.

Наводно, во 2012 година, овој фудбалер го навредил Меси, кога кажал дека сака да му ја скрши ногата на Аргентинецот, а неколку пати го нарекувал со погрдни имиња.

Се чини дека ова не му била паметна идеја, бидејќи Меси не простува, па сега тој губи голем трансфер во Барселона.