Липи со совет до фудбалските власти во Италија: Довршете го првенството


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот селектор на Италија и прославен тренер од оваа земја, Марчело Липи смета дека сезоната треба да биде доиграна зад затворени врати.

Коронавирусот направи сериозни проблеми и во фудбалот во Европа кој е тотално во прекин и за кој се уште не се знае дали сезоните ќе продолжат.

„Мислам дека првенството треба да биде комплетирано, сите првенства во Европа. Нека завршат кога било, во мај, август, септември. Тоа ќе значи дека следната сезона ќе биде понабиена“ –изјави Марчело Липи.