„Лисиците“ го уловија одличниот Ирец


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Најдобриот стрелец на репрезентаџијата Република Ирска на Европските првенства се наоѓа на чекор во редовите на шампионот на Англија.

Како што пренесуваат ирските медиуми, Лестер спреми понуда тешка 12 милиони фунти за Роби Брејди.

Во трката за негово доведување учествуваа Вест Бромвич и Хал Сити, но „Лисиците“ судејќи по се ја однесоа победата.

Олекувано е Брејди да го напушти Норвич поради тоа што Канаринците не успееја да опстанат во Премиер лигата во минатата сезона, а одличните игри во дресот на репрезентацијата на Република Ирска на ЕП во Франција беа препорака за Клаудио Раниери.

Интересно, Роби Брејди стана прв Ирец кој постигна два гола на европските првенства. Даде гол за победата против Италија во последното коло од групната фаза што ги одведе Ирците во осмина финале, а траму против домаќините ја доведе својата репрезентација во водство со удар од белата точка на самиот почеток на мечот, а во продолжението два гола постигна Гризман.

Доаѓањето на Брејди во Лестер значи дека ќе биде прв Ирец кој ќе игра во Лигата на шампионите уште од Силијан Шердијан кој играше за кипарски АПОЕЛ во сезоната 2014/15.