Листата на клубови што го одби Вилијан поради Арсенал е неверојатна


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Вилијан неодамна стана нов играч на Арсенал.

Искусниот крилен играч го напушти Челси и од бројните понуди реши да го избере Арсенал со кого потпиша тригодишен договор.

Секако е интересно што Бразилецот одбил неверојатни понуди заради Арсенал. ЕСПН Бразил напиша дека Баерн, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед понудиле договори на овој фудбалер, но дека тој ги одбил сите.

Причината беше должината на договорот. Сите тие му понудија на Вилијан двегодишен договор. Само Арсенал беше подготвен да му понуди соработка три години, а по серијата состаноци со Микел Артета, тој се согласил да потпише.

Ќе видиме како тој успее во редовите на Топџиите. Не треба да има проблем да се прилагоди на новиот клуб, бидејќи тој е во Англија многу години, но никогаш не се знае.

Вилијан го носеше дресот на градскиот ривал Челси во последните седум години.