Листата се зголемува: Уште тројца фудбалери сигурно го напуштаат Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси минува низ тежок период по промената на сопствениците, а на лето повторно се очекува да купат нови засилувања, но и да продадат дел од играчите.

Челси планира да го продаде Ромелу Лукаку, но на листата биле додадени уште тројца фудбалери, како што објави новинарот Фабрицио Романо.

Романо објави дека на листата за отстрел се и Армандо Броја, Кепа Аризабалага и Хаким Зијех кои треба да донесат нови средства во буџетот.