Лицемерството не познава граници, УЕФА продолжува по старо


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Турција е бесна на УЕФА, како и поголемиот дел од јавноста поради одбивањето на предлогот пред четвртфиналните натпревари да се оддаде почит на загинатите во експлозијата на аеродромот во Инстанбул.

Имено, УЕФА ова барање го одби од навистина бизарна причина.

УЕФА соопшти дека таквите почести се одржуваат кога нападот е поврзан со фудбалот или со држава која сеуште учестува на Европското првенство.

Па така изгледа дека не вреди што Турција беше учесник на ЕП, бидејќи изгледа репрезентациите кои ќе испаднат веќе не постојат за УЕФА.

Од поодамна лицемерството на оваа организација ги поминува границите, а ова е веројатно капката која би можела да ја прелие чашата.