Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓
Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ (30) е пред заминување од Фенербахче, а турските медиуми наведуваат дека одличниот чувар на мрежата може да се упати кон Минхен. За неговите услуги е заинтересиран Баерн.
Турските медиуми објавија едно интересно име. Ливаковиќ го селат во Бундеслигата и тоа во голот на Баерн Минхен.
„Баерн Минхен е подготвен да го донесе Доминик Ливаковиќ на почетокот на новата сезона“, наведуваат турските медиуми со дополнување дека Хрватот оваа сезона е одличен.
Оваа вест од Турција засега нема официјална потврда. Сепак, треба да се напомене дека 30-годишникот и претходните месеци беше поврзуван со гигантот на германскиот фудбал.