Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓
Иако последните денови фокусот на Ливерпул е на ситуацијата околу Мохамед Салах, кој изјави дека се чувствува како клубот да го “фрлил под автобус”, управата од Енфилд веќе прави планови за летото 2026 година. Според пишувањето на германскиот TZ, Црвените им е „понудена“ ѕвездата на Баерн, стоперот Дејот Упамекано.
Францускиот одбранбен играч има договор со Баерн кој истекува на крајот на сезоната, што значи дека според правилото на Босман, веќе од 1 јануари може да преговара со други клубови за трансфер без обештетување. Можноста за доведување на еден од најдобрите стопери во Бундес лигата како слободен играч го привлече, освен Ливерпул, и великани како Реал Мадрид и Пари Сен-Жермен.
Иако се наведува дека Упамекано е среќен во Минхен, преговорите за нов договор заглавиле во две клучни точки. Првата пречка е барањето на неговиот агент за вградување на откупна клаузула од 65 милиони евра. Баерн начелно се противи на вакви клаузули, иако неодамна попуштија во преговорите со Хари Кејн и Џамал Мусиала.
Вториот проблем е платата. Упамекано бара годишна заработка од 18 милиони евра, што изнесува околу 346 илјади евра неделно, а баернскиот гигант не е спремен да понуди толкав износ.
Токму тука ја гледа својата шанса Ливерпул, кој наводно внимателно го следи развојот на ситуацијата и е подготвен да реагира ако стане јасно дека францускиот репрезентативец ја напушта Баварија. Упамекано е идентификуван како алтернатива во случај да пропадне трансферот на капитенот на Кристал Палас, Марк Гујеји.
















