Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓
Тренерот на фудбалерите на Ливерпул Арне Слот нема да ја води својата екипа против Њукасл вечерва во дербито од 27. коло на Премиер лигата.
Холандскиот стратег беше под истрага на Фудбалската асоцијација на Англија поради зборовите упатени кон судијата на главниот натпревар против Евертон, Мајкл Оливер. По натпреварот кој заврши 2:2 на „Гудисон Парк“ пред две недели, Слот му упати неколку иронични зборови на Мајкл Оливер кој му покажа жолт картон.
Веднаш се зборуваше за суспензија на две натпревари, дури и на веб-страницата на Премиер лигата се појави таква информација која брзо беше тргната и Слот го водеше тимот против Вулвс, Астон Вила и Манчестер Сити.
Меѓутоа, денеска неговата суспензија е потврдена и тој нема да може да биде покрај клупата на Ливерпул вечерва на „Енфилд“ против Њукасл. Нема да го има ниту во наредното коло против Саутемптон кое „црвените“ ќе го одиграат на 8 март.
Исто така, Холанѓанецот ќе треба да плати 70.000 фунти во касата на Фудбалската асоцијација.