Ливерпул брзо најде привремени замени за повредениот Исак – во игра се два имиња


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ливерпул се соочува со сериозен проблем во нападот по повредата на Александер Исак, кој ја поремети стратегијата на стручниот штаб во клучниот дел од сезоната.

Шведскиот напаѓач се здоби со тешка повреда, а првите проценки покажуваат дека ќе отсуствува од теренот подолго време.

Поради тоа, клубот од Енфилд е принуден да реагира брзо и да најде краткорочно решение кое ќе го надомести неговото отсуство.

Според ексклузивните информации од Англија, Ливерпул веќе активно го истражува пазарот и разгледува достапни напаѓачки опции.

Во тој контекст, два имиња се издвојуваат како најреални опции за зимскиот прелазен рок.

Првото име е Мемфис Депај, искусен холандски репрезентативец кој моментално е отворен за краткорочен ангажман.

Дополнителен плус за Ливерпул е фактот што Депај има добри односи со голем број играчи од соблекувалната.

Второто име на листата е Александер Сорлот, напаѓачот на Атлетико Мадрид, кој се наоѓа во одлична форма.