Ливерпул доби лоши вести пред мечот против Барселона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ливерпул вечерва во Барселона го игра првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), а англискиот клуб пред дуелот доби лоши вести.

Бразилскиот напаѓач Роберто Фирмино го повреди мускулот и тој нема да биде подготвен за вечерашниот дуел во ЛШ.

Одличниот фудбалер на „црвените“ се повреди во четвртокот, ден пред меч со Хадерсфилд во Премиерлигата. Таа средба ја пропушти, а според неофицијалните информации, нема да го има ниту во вечерашниот дуел.

Бразилецот вчера имаше тестови, па се покажа дека не е подготвен, а тренерот Јирген Клоп не сака да ризикува и ќе се обиде да извлече позитивен резултат од првио дуел.