Ливерпул е голем клуб: Му понуди нов договор на играчот кој речиси да не заигра оваа сезона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од таборот на Ливерпул се блиску до договор за продолжување на соработката со Алекс Окслејд Чемберлејн кој оваа сезона одигра само два натпревари за клубот.

Со потпишувањето на новиот договор, Окслејд Чемберлејн ќе остане на „Енфилд“ до 2023 година и ќе заработува по 120.000 фунти неделна плата.

25 годишниот крилен фудбалер се врати натерените во април речиси 12 месеци по страшната повреда која ја доби минатата година. Англичанецот одигра само два натпревари за првиот тим на Ливерпул оваа сезона, поминувајќи на терен само 19 минути, но тоа не му пречеше на раководството на Ливерпул да му го продолжи договорот.