Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот англиски шампион Ливерпул го договори првото засилување за следната сезона, а станува збор за Алексис Мак Алистер од Брајтон за сума од 65 милиони фунти.
Мак Алистер потпиша договор на пет години, кој ќе важи до 2028 година, а медицинските прегледи треба да бидат комплетирани во следните 48 часа.
Засега не се откриваат деталите од неговиот договор, но познато е дека „црвените“ мора да му платат 65 милиони фунти на Брајтон.
По потписот со Мак Алистер, Ливерпул ќе се насочи кон други две засилувања, а станува збор за Ману Коне и Кефер Турам, со чии агенти ќе се преговара во следниот период.