Ливерпул го подготви резервниот дрес, а навивачите збеснаа поради еден детал! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул и „Њу Баланс“ ќе соработуваат уште идната сезона, а потоа „црвените“ ќе ја продолжат соработката за опрема со „Адидас“.

Ливерпул игра одлична сезона и тие се во игра да ја освојат титулата во Лигата на шампиони и во Премиерлигата. Сепак, подготовките за новата сезона почнаа, а секако тоа е од дресовите.

Во јавност се појави фотографија од гостинската верзија на дресови на Ливерпул за наредната сезона. Дизајнот им се допадна на навивачите на Ливерпул, но тие се разочарани што нивниот грб е со сина боја.

Секако, сината боја не е прифатлива за нив поради лутиот градски ривал Евертон, но очигледно ќе мора да се навикнат на неа идната сезона. Единствена надеж им е тоа што нивниот тим нема да има потреба многу да игра во тие дресови.