Ливерпул го праќа Жота во Челси во замена за ѕвезда во очајна форма


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот англиски шампион Ливерпул планира да направи ремонт на екипата на лето, а тренерот Јирген Клоп размислува кои позиции да ги засили.

Португалецот Диого Жота најверојатно ќе го напушти „Енфилд“, но Клоп сака да го искористи за да добие ѕвезда на Челси.

Новинарот Педро Алмеида објави дека Жота ќе се пресели на „Стемфорд бриџ“, а во спротивна насока ќе замине Мејсон Маунт.

Англискиот репрезентативец е во очајна форма и оваа сезона е непрепознатлив во дресот на Челси, а Клоп во него гледа едно од најголемите засилувања за неговата екипа.

Покрај трансферот на Маунт, Ливерпул на засилувања треба да потроши над 100 милиони фунти.