Ливерпул го растури Норвич во првиот дел, но Клоп има голема причина за грижи: Се повреди најдобриот голман од минатата сезона (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Ливерпул одигра фуриозно прво полувреме во 1. коло од англиската Премиер лига.

„Црвените“ играа како по ноти и на маестрален начин до врв со четири гола ја наполнаа мрежата на Тим Крул. Не дека Норвич немаше свои прилики, но одличен на голот беше Алисон, кој за жал се повреди, па мораше да биде заменет од Адриан кој го има и официјалното деби за Ливерпул.

Првиот гол беше автогол, а потоа за Ливерпул погодија и Салах, ван Дијк и Дивок Ориги.