Ливерпул испрати понуда од 100 милиони евра до Реал Мадрид


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека Ливерпул во изминатите денови испратил понуда од 100 милиони евра до Реал Мадрид.

Премиерлигашот е заинтересиран за Родриго, кој речиси сигурно ќе го загуби местото во првиот тим по доаѓањето на Ендрик и Килијан Мбапе.

Бразилецот постојано го селат во Премиерлигата, а освен Ливерпул, за неговите услуги интерес покажаа и Челси и Манчестер сити.

„И во новата сезона ќе останам во Мадрид, тоа е мојот план“, наводно бил одговорот од Бразилецот.