Ливерпул ја продава најголемата ѕвезда за 200 милиони фунти?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Ливерпул го очекуваат големи промени во летниот преоден рок, па така по тренерот Јирген Клоп би можела да замине и најголемата ѕвезда на тимот, а тоа е Мохамед Салах.

Ал Итихад е заинтересиран за Салах и за неговиот потпис му нуди 200 милиони фунти на Ливерпул, кој најверојатно ќе ја прифати понудата зашто договорот со Египќанецот му завршува на крајот на идната сезона.

Салах така би можел да замине од „Енфилд“ по седум години поминати во Ливерпул, а наскоро треба да биде донесена конечната одлука за неговата иднина.