Ливерпул максимален по шест кола: „Црвените“ славеа на „Стемфорд бриџ“ (ВИДЕО)


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Ливерпул во дербито на шестото коло во Премиерлигата го совлада Челси на „Стемфорд бриџ“ со 2-1, па така ја запишаа шестата победа во Премиерлигата.

Ливерпул поведе во 14. минута со одличниот погодок на Трент Александер-Арнолд. Во 30. минута беше 2-0, откако Робертсон испрати центар-шут, а погоди Роберто Фирмино.

На паузата Ливерпул замина со предност од два гола, а Челси во второто полувреме ја имаше иницијативата и се обиде да стигне барем до бод, но успеа само да намали на 1-2 преку Н’Голо Канте.

Да потсетиме, Ливерпул е првопласиран на табелата со 18 освоени бода по шест кола.

На вториот меч кој се играше во ист термин, Арсенал успеа со пресврт да слави против Астон вила со 3-2.