Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Екипата на Ливерпул на фуриозен начин ја продолжи победничката серија совладувајќи го најблискиот конкурент, тимот на Лестер со убедливи 4:0.
„Црвените“ имаа одлично гостување на „Кинг Пауер Стадионот“ каде буквално владееа на теренот и сосема заслужено стигнаа до победата.
Резултатот го отвори Роберто Фирмино со погодок во 31. минута. Со тој резултат се замина на полувреме, а во вториот дел избраниците на Клоп одиграа фуриозно.
Милнер, Фирмино и Александер Арнолд до врв ја наполнија мрежата на Лестер и останаа убедливо на врвот на табелата во Премиер лигата.















