Ливерпул му даде девет гола на Бормут, Халанд со хет-трик го израдува Сити (Видео)


Од втора лига, до спасител на Германија - 12 ден ↓↓↓



Англиските гиганти Ливерпул и Манчестер сити успеаа да запишат победи во Премиерлигата, а посебно убедлив беше тимот на Јирген Клоп кој славеше со 9-0, додека екипата на Пеп Гвардиола победи со 4-2.

Ливерпул играше фантастично, па по два гола постигнаа Луис Дијаз и Роберто Фирмињо, додека во листата со стрелци се запишаа и Елиот, Александер-Арнолд, Ван Дајк, Карвалјо и Мепхам си постигна автогол.

Кристал Палас водеше со 2-0 на „Итихад“, но Сити го сврте мечот во своја корист во второто полувреме, кога прво погоди Бернардо Силва, а потоа хет-трик запиша Ерлинг Халанд за 19 минути на теренот.