Ливерпул му даде седум гола на Ренџерс, Барселона се спаси од пораз против Интер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вечерва паднаа голем број голови во Лигата на шампиони (ЛШ), при што победа оствари Ливерпул од 7-1 против Ренџерс, додека Барселона одигра 3-3 против Интер.

Ренџерс прв даде гол против Ливерпул преку Арфилд, но потоа Фирмино со два гола донесе пресврт, по што почна голеадата. Прво Нунез стрелаше за 3-1, а потоа Салах даде хет-трик, додека победата ја запечати Елиот.

Драматичен меч во Каталонија, но без победник. Барселона прва поведе преку Дембеле, по што Барел и Мартинез погодија за пресврт.

Левандовски ја врати Барселона во игра со гол за 2-2, но Госенс за малку ќе ги расплакаше домаќините бидејќи ја затресе мрежата за 3-2. Сепак, полскиот напаѓач со втор гол ги постави конечните 3-3.