Ливерпул му го продолжи договорот на Клоп (ВИДЕО)


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Ливерпул на официјалната страна објави дека Јирген Клоп потпишал нов договор со англискиот гигант во кој ќе остане до 2024 година.

Асистентите Питер Кравиц и Лијндерс исто така ги продолжиле договорите за да продолжат да соработуват покрај Клоп.

„Црвените“ се задоволни со резултатите кои ги постигнува германскиот тренер, кој минатата сезона успеа да ја освои Лигата на шампиони, а оваа сезона е на добар пат да го освои трофејот во Премиерлигата по долга пауза.

И самиот тренер кажа дека е пресреќен што ја продолжил соработката со англискиот тим, па се надева на многу успеси во следните години.