Ливерпул не дозволи изненадување и се пласираше во следната фаза од Лигата на шампионите


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Салцбург и Ливерпул одиграа одличен меч во кој на крајот се радуваа гостите од градот на Битлси со 2:0.

Избраниците на Јирген Клоп мораше да слават или да одиграат нерешено за да обезбедат пласман во осминафиналет од Лигата на шампионите.

Ливерпул со головите на Кеита и Салах победи со 2:0 и остана на првата позиција на табелата во групата.

Во другиот натпревар од групата Е, Наполи до убедливи 4:0 славеше против Генк, а апсолутен хит на натпреварот беше Аркадиуш Милик кој за едно полувреме постигна хет-трик, а еден гол беше дело и на Дрис Мертенс.