Ливерпул останува недопирлив: Салах со два гола го реши Вотфорд (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул ја продолжи победничката серија во Премиерлигата откако денеска на „Енфилд“ славеше со 2-0 против Вотфорд со два гола на Мохамед Салах.

Салах во 38. минута го постигна првиот погодок на мечот за водство од 1-0 на Ливерпул, по што гостите имаа неколку 100% шанси за да го израмнат резултатот, но не ги искористија.

Во второто полувреме „црвените“ имаа неколку одлични шанси, но за вториот гол мораа да почекаат до 90. минута кога Салах стрелаше по вторпат за конечни 2-0.

Ливерпул е првопласиран по 17 одиграни кола во Премиерлигата со 49 бодови, односно 11 повеќе од Лестер, кој има одиграно еден меч помалку.