Ливерпул отпатува без Ловрен: Имаше тешка ноќ…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп во вечерашниот меч против Порто нема да може да смета на Ловрен.

„Црвените“ вечерва во рамки на четвртфиналето од Лигата на шампионите ќе се соочат против Порто против кој ќе ги бранат тие 2:0 од првиот меч, а со англискиот тим на пат не тргна Дејан Ловрен, чие отсуство го образложи менаџерот на Ливерпул.

„Дејан е болен. Имаше лоша ноќ, докторот беше близу до него и немаше шанси да отпатува со нас. Затоа нема да биде во составот“, изјави Клоп, пренесуваат странските медиуми, па додаде:

„Нема потреба да се форсира ако не се чувствува добро. Го имаме Гомез, Фабињо кои можат да одиграат на таа позиција, така што би требало се да биде во ред“, истакна менаџерот на „Црвените“.

Покрај Ловрен, Ливерпул нема да може да смета ниту на Алекс-Оклејд Чембрлејн кој уште закрепнува од повредата, а под знак прашалник е и Адам Лалана. Ослабен ќе биде и Порто исто така чиј тренер нема да може да смета на Абубакар, Корон…

Порто и Ливерпул за потсетување го играат реваншот од четвртфиналето во ЛШ вечерва со почеток од 21 часот.