Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Ливерпул ја забележа и седмата победа во исто толку натпревари во Премиер лигата и го продолжи одот без грешка во новата сезона во Англија.
Овој пат на „Енфилд“ падна тимот на Лестер кој беше поразен со 2:1, а последниот, одлучувачки гол падна во самиот финиш, поточно во 95. минута од натпреварот.
Стрелец на голот беше Џејмс Милнер кој реализираше удар од белата точка,а по последниот судиски свиреж видовме искри на теренот кои малку фалеше да прераснат во поголема физичка пресметка.
Ајозе Перез не можеше да се смири по поразот и беше бесен на фудбалерите на домашниот тим кои на крајот се радуваа на победа.