Ливерпул подобар од Манчестер сити за трофејот во Комјунити Шилд (Видео)


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Поранешниот англиски шампион Ливерпул го совлада Манчестер сити со 3-1 во битката за трофејот во Комјунити Шилд.

Водство на гигантот од „Енфилд“ му донесе Трент-Александер Арнолд, по што Хулијан Алварез во вториот дел израмни на 1-1.

Победата на Ливерпул му ја обезбеди Мохамед Салах во 83. минута, откако ја затресе мрежата од белата точка, додека третиот гол за „црвените“ го постигна Дарвин Нуњез.