Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ливерпул дефинитивно претера со сумите што ги издвојува за засилувања, а последните неколку трансфери никако не им се исплатиле. Сега се подготвени за уште еден неверојатен трансфер и ќе платат 80 милиони евра на тимот на Барселона за трансферот на францускиот репрезентативец Жил Кунде.
Ливерпул само оваа сезона направи три најголеми трансфери во клупската историја. Апсолутен рекорд е доведувањето на Александар Исак од Њукасл за 145 милиони евра, Флоријан Вирц го платија на Бајер од Леверкузен 125 милиони, а Хуго Екитике на Ајнтрахт 95 милиони евра.
Се разбира, неуспешен беше и Дарвин Нуњез кој во 2022 година беше платен 85 милиони евра, но секако има и некои многу добри примери како што е Доминик Собослај кој игра фантастично, а беше платен 70 милиони евра.
Плановите на „црвените“ за следното лето веќе започнаа. Веќе е договорен стоперот на Рен Жереми Жаке за трансфер вреден 63 милиони евра, а наскоро може да се случи и трансфер вреден дури 80 милиони.
Таа сума тимот од Енфилд е подготвен да му ја понуди на Барселона за францускиот дефанзивец Жул Кунде. Тешко е да се поверува дека шпанскиот првак ќе ја одбие таа сума.
Кунде е добар и благодарен играч, но не е некој без кого Барселона не може. Сумата од 80 милиони евра добро би дошла на каталонскиот гигант кој планира неколку засилувања и нема да биде никакво изненадување ако кажат „да“.
















