Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мохамед Салах пред неколку дена кажа дека неговата иднина е во рацете на Ливерпул и дека премиерлигашот ќе реши дали тој ќе остане во тимот или ќе си замине во друга екипа.
Често се шпекулира дека Салах не е среќен во Ливерпул, па тука шанса сакаа да искористат Реал Мадрид и Барселона, но нема толку лесно Ливерпул да се откаже од фантастичниот фудбалер.
Следеше клупа на гостувањето кај Кристал Палас како догвор на Клоп кој можеби сакаше да покаже кој е главен. И покрај тоа што Салах беше на клупата во второто полувреме влезе, постигна два гола и забележа асистенција.
Покрај тоа што потврди дека бил разочаран Салах не ја отфрли и можност да се пресели во Реал Мадрид и Барселона. Поради тоа Ливерпул реагирал и веќе започнал да работи на зголемување на платата на Салах.
Договорот на Салах истекува летото 2023 година. Каков учинок имаше во претходните години најдобро зборуваат 94 гола од кога дојде од Рома во летото 2017 година во сите натпреварувања.