Ливерпул стави една рака на трофејот: Убедлива победа против Кристал Палас


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Екипата на Ливерпул се доближи на само една победа до подигнување на трофејот кој го чекаат цели 30 години.

„Црвените“ на домашен терен со убедливи 4:0 славеа против Кристал Палас и со тоа опасно се доближија до шампионската титула во Премиер лигата.

Резултатот го отвори Трент Александер Арнолд  во 23. минута  со прекрасен гол од слободен удар, а на 2:0 пред самиот крај на полувремето зголеми Мохамед Салах.

Во 55. минута Фабињо зголеми на 3:0, а конечниот резултат го постигна Садио Мане со гол во 68. минута.

Ливерпул со победа во  следниот натпревар против Манчестер Сити на „Етихад“ и дефинитивно ќе ја обезбеди титулата во Премиер лигата.