На лелгендарен тренер му изгоре домот во голем пожар (Видео)

Од САД дојде шокантна вест дека куќата на легендарниот тренер на Мајами Хит, Ерик Сполстра, изгорела во голем пожар кој избувнал во раните утрински часови.

За среќа, никој не е повреден, а Сполстра во моментот на инцидентот не се наоѓал дома.

Според информациите од противпожарната служба на округот Мајами-Дејд, повикот за пожарот стасал околу 4:36 часот по локално време. Само неколку часа порано, Сполстра со екипата на Хит гостуваше во Денвер, а чартер летот од Колорадо слетал во Мајами нешто после пет часот утрината.

Тренерот на двоен НБА шампион пристигнал на имотот веднаш по враќањето, додека противпожарните екипи веќе биле на терен и се обидувале да го стават пожарот под контрола. Во гаснењето учествувале повеќе од 20 единици, со поддршка од воздух, а пожарот по три часа напорна работа бил локализиран.