Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ливерпул пред прекинот на сезоната поради пандемијата на коронавирусот се наоѓаше убедливо прв пред Манчестер сити на табелата, па им требаат уште две победи да ја обезбедат титулата по 30 години, но се појавија шпекулации дека би можеле да останат без трофејот.
Судбината на Ливерпул би можела да зависи од останатите 19 екипи во Премиерлигата. Управата на првенството се консултира со екипите за да најде решение за крај на сезоната, ако таа не може да продолжи во нормални услови.
Една од опциите ќе биде да заврши првенството според сегашната табела, а за таа одлука ќе гласа сигурно Ливерпул, но за тоа им требаат уште гласови на 13 екипи.
Дури 14 од 20 тимови во Премиерлигата мора да гласаат за завршување на сезоната според сегашниот пласман, а доколку тоа не се случи, ќе треба да се разгледаат други опции.