Ливерпул во пол позиција за ангажман на Калиду Кулибали


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сенегалскиот интернационалец, Калиду Кулибали ова лето најверојатно ќе си замине од редовите на Наполи.

Кулибали нема да се пресели во тимот кој најдолго се интересираше за него, Манчестер Јунајтед, затоа што Оле Гунар Солскјер не е заинтересиран да го донесе во своите редови.

Наместо на „Олд Трафорд“, Кулибали би можел да се пресели во тимот на Ливерпул кој исто така бара фудбалер од одбраната на трансфер пазарот.

Освен Ливерпул, за Кулибали се интересира и новиот моќник во Премиер лигата, Њукасл кој сака Сенегалецот да биде едно од првите големи засилувања на клубот.