Ливерпул жестоко казнет затоа што го шпионирал Манчестер сити


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Тајмс“ објави информации дека Ливерпул пред неколку години бил казнет со дури три милиони фунти поради жестоко кршење на правилата.

Медиумот пишува дека тоа бил најлош пример на недозволено однесување на еден клуб кон друг во историјата на Премиерлигата, а Ливерпул ептен го оштетил Манчестер сити.

Пред шест години Ливерпул се спогодил со Сити да му плати три милиони фунти, поради тоа што ја хакирале скаут-службата на „граѓаните“.

Во сити претходно ангажирале експерти за компјутерска контра-шпионажа, кои откриле дека Ливерпул го хакирал системот.

Интересно е тоа што три скаути на Сити потоа се преселиле во Ливерпул, а „црвените“ признале дека ги хакирале и се спогодиле со нивниот ривал.