Лопетеги: За 12 месеци ќе ги средев работите во Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги жали што не доби повеќе време во шпанската екипа, зашто верува дека ќе успеел да ги среди работите во редовите на гигантот.

Лопетеги го наследи Зинедин Зидан на почетокот на сезоната, но беше отпуштен во октомври по поразот од 1-5 против Барселона во Ел Класико.

„Морав да го унапредам цел тим. Имавме седум бода негатива, но зад нас беа три недели во кои немавме среќа пред голот. За 12 месеци, ќе ги средев работите и ќе имавме баланс. Во Мадрид работите се случуваат многу брзо, па се трудевме да бидеме истрајн во тоа што му е потребно на тимот, но немавме доволно време“, се пожали Лопетеги.

Откако Лопетеги доби отказ, на клупата пристигна Сантијаго Солари, но ниту тој не се прослави, па Реал го врати Зидан на кормилото на клубот.