Лос Анџелес Лејкерс враќаат поранешна ѕвезда во клубот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По новата тешка повреда на ДеМаркус Казинс, Лос Анџелес Лејкерс тргнаа во потрага за негова замена.

Според информациите на американските медиуми, Лејкерс е заинтересиран за 33-годишниот Двајт Хауард.

Поранешниот најдобар дефанзивец во НБА-лигата во последно време имаше проблеми со грбот, а во минатата сезона тргна како член на Вашингтон визарс, по што беше трејдуван во Мемфис.

Хауард во минатото го носеше дресот на Лејкерс и тоа во сезоната 2012/13, а стигна како големо засилување од Орландо.

Инаку, Хауард во Орландо помина осум години пред да се пресели во Лос Анџелес, а потоа беше уште член и на Хјустон рокетс, Атланта хокс, Шарлот хорнетс…