Лоша идеја е да го провоцирате Дончиќ (Видео)


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ постигна 53 поени во победата на Далас маверикс над Детроит пистонс со 111-105.

Дончиќ на почетокот на натпреварот имаше конфликт со тренерот Џером Ален, кој го испровоцира Словенецот.

„Нивниот помошник тренер се обиде да ме провоцира на почетокот на првата четвртина. Ако ме напаѓате, ќе ве нападнам, не се плашам од никого“, кажа Дончиќ.