Лоши вести пристигнуваат за Баерн: Сане е проблем за Баварците


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Баерн вчера доби многу загрижувачка вест од медицинскиот тим.

Годинашното засилување на клубот Лерој Сане ќе биде отсутен најмалку еден месец откако го повреди коленото на мечот против Хофенхајм.

Одличниот офанзивен играч беше заменет на овој натпревар. Очигледно тој не излезе без причина затоа што на крајот се покажа дека станува збор за повреда на коленото, истото што ја повреди минатата година.

Токму тоа беше причината што Сане ја пропушти речиси целата сезона. Тој беше сериозно повреден на отворањето и беше надвор од терените со месеци и поради него првично не успеа неговиот трансфер во Баерн.

Ова сигурно ќе биде голем удар за Баварците и повредата на Сане предизвикува доста страв кај навивачите на овој тим.